Големи промени во Арсенал: Артета седнува на тренерската позиција?

Поранешниот играч на Евертон и Арсенал, а сегашен тренер во Манчестер Сити, Микел Артета, е главниот кандидат за наследник на Арсен Венгер, а покрај него се најавуваат и многу други промени во стручниот штаб на Арсенал.

Микел Артета се смета за фаворит во трката за наследник на Арсен Венгер на кормилото на Арсенал.

Поранешниот играч на Арсенал, кој во моментов е вработен како дел од стручниот штаб на Манчестер Сити, сега е фаворит за да биде назначен како нов тренер на Арсенал, откако пред неколку дена Масимилијано Алегри негираше дека ќе го напушти Јувентус за да го преземе лондонскиот клуб. Во игра беше и Германецот Томас Тухел, но тој неделава потпиша двегодишен договор со ПСЖ.

Сега фокусот се префрли на Артета, кој раководството на Арсенал го гледа како далеку посигурна опција од единствениот друг преостанат кандидат, Луис Енрике. Спортскиот директор на Арсенал, Раул Санлехи веќе разговараше со Луис Енрике и тој заедно со извршниот директор на клубот, Иван Газидис, одлучија дека барањата на Енрике се преголеми и веројатно тој ќе биде разгледан како втора опција.

Тимот на Арсенал веќе се раздели со Колин Левин, кој 23 години работеше како шеф на лекарскиот тим на овој клуб, а по него се очекува дека ќе си заминат и многу други членови на тренерскиот тим.

Освен тоа, Арсенал почна да прави измени и во начинот на работа на раководството, а извршниот директор Иван Газидис почна да бара помлади лица, по можност жени, да работат во администрацијата на клубот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе