ИЗОЛИРАНАТА ЗЕМЈА Е ПОД ТЕШКИ МЕЃУНАРОДНИ САНКЦИИ

Големиот лидер Ким призна: Северна Кореја е во криза

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги предупреди челниците на владејачката Работничка партија дека земјата поминува низ тешка економска криза.

Тој повика на воведување итни мерки за подобрување на ситуацијата, пренесоа локалните медиуми.

Во текот на викендот беше одржано пленарно заседание на партијата, неколку дена пред истекувањето на ултиматумот што Северна Кореја им го постави на САД во преговорите за денуклеаризација.

Пјонгјанг вети дека ако до крајот на годината нема напредок во преговорите, Вашингтон ќе добие „божиќен подарок“.

Ким, кој претседаваше со заседанието, предупреди дека е време да се донесат важни одлуки во врска со економскиот развој на земјата.

На претставниците на партијата им дал „задачи“ кои треба да се спроведат „за да може итно да се подобри ситуацијата во стопанството“, пренесе севернокорејската новинска агенција KCNA.

Северна Кореја никогаш досега не објавила економски статистички податоци, а единствените информации за стопанството во земјата обично доаѓаат од странство.

Јужнокорејската Централна банка во јули годинава извести дека економскиот раст на Северна Кореја, земја погодена од меѓународни санкции, е намален за 41% во текот на 2018 година, што е најголем пад од големата криза во 90-тите.

реклама

Свет

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе