Големо научно откритие: Млечниот Пат сепак не е рамен?

Со години научниците сметаа дека нашата галаксија е релативно рамна и стабилна, но најново шокантно откритие покажа дека Млечниот Пат е заоблен на краевите.

За прв пат, научниците точно ја мапираа нашата галаксија за да го добијат нејзиниот вистински облик, објави Independent.

Другите галаксии ги имавме детално измерено, а мерењето на нашата беше вистински предизвик, објаснуваат астрономите и додаваат дека тоа е како да се обидувате да одредите каков е обликот на сопствената држава додека стоите во својот двор.

„Главно, спиралните галаксии ги доживувавме како рамни, како Андромеда која можеме да ја набљудуваме со телескоп“, вели професор Ричард де Гријс, астроном и коавтор на студијата.

Во оваа студија беа анализирани 1.339 ѕвезди за да се открие вистинскиот облик на галаксијата и беше воочено дека ѕвездениот диск се заоблува нагоре како што се приближувате кон неговите краеви.

На некој далечен набљудувач нашата галаксија би му изгледала како диск од ѕвезди кои орбитираат околу густо јадро. Но, на краевите влијанието на гравитацијата е послабо и тој диск наликува на буквата „S“.

Новото истражување покажува дека за искривениот облик на галаксијата е заслужна и моќната ротациска сила на масивниот внатрешен диск.

Астрономите претходно имаа забележано галаксии со сличен облик со заоблени краеви, но досега не знаевме дека и Млечниот Пат се вбројува во нив.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе