Големо научно откритие за Венера - „лошата близначка“ на Земјата

Земјата е свет на океани, со вода што покрива околу 71 отсто од нејзината површина. Венера, нашиот најблизок планетарен сосед, понекогаш се нарекува наша „лоша близначка“ поради нејзината слична големина и карпест состав, но иако нејзината површина денес е изгорена и гола, многумина се прашуваат дали и Венера некогаш била покриена со океани.

Според најновата студија, одговорот е „не“. Врз основа на хемискиот состав на нејзината атмосфера, научниците ја утврдија содржината на вода во внатрешноста на планетата, што е еден од клучните показатели за тоа дали некогаш постоеле океани на Венера.

Изгорена површина

Тие заклучија дека внатрешноста на планетата сега е екстремно сува, поддржувајќи ја идејата дека Венера останала исушена по период во раната историја кога површината се состои од стопена карпа од магма - и оттогаш има изгорена површина.

Водата се смета за неопходна состојка за создавање на живот, па заклучоците од студијата сугерираат дека Венера никогаш не била погодна за живеење. Податоците од тоа истражување не ја поддржуваат претходната хипотеза дека Венера имала резервоар со вода под нејзината површина - остаток од изгубен океан.

Вулканизмот, како резултат на кој гасовите се ослободуваат во атмосферата на планетата, ни овозможува да ја дешифрираме внатрешноста на карпестите планети. Како што магмата се издига од средниот слој на планетата, познат како мантија, на површината, таа ослободува гасови од длабоко внатре.

Исушена внатрешност

Повеќе од 60 проценти од вулканските гасови на Земјата се водена пареа, што е доказ дека внатрешноста е богата со вода. Научниците пресметале дека водената пареа сочинува не повеќе од шест проценти од гасовите што се ослободуваат при ерупциите на Венера, што укажува на исушена внатрешност.

„Веруваме дека минатото погодно за живеење би значело дека внатрешноста на Венера сега е богата со вода (...) хемискиот состав на атмосферата укажува дека многу малку вода се ослободува при вулканските ерупции на Венера, што ни кажува дека внатрешноста на планетата - изворот на вулканизмот - е сува“, објасни Тереза ​​Константину, докторант на Институтот за астрономија на Универзитетот Кембриџ.

Според неа, Венера има долгорочно сува површина и никогаш не била погодна за живеење.

Венера е втората планета од Сонцето, а Земјата е трета.

Има две многу различни наративи за водата на Венера: едната зборува за умерена клима на Венера со милијарди години, со површинска течна вода, а другата тврди дека топлата Венера во раната фаза на формирање никогаш не може да кондензира течна вода. додава докторантот.

Иако Венера и Земјата се слични по маса, дијаметар, густина и растојание од Сонцето, Константину истакнува дека нивните еволутивни патеки драматично се разделиле.

Условите на површината на Венера се екстремни во споредба со Земјата, со атмосферски притисок 90 пати поголем, температура на површината од околу 465 степени Целзиусови и токсична атмосфера со облаци од сулфурна киселина.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Наука

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Read more

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Read more

Научниците открија две фази на големото испарување на Средоземното Море

Read more

Што наследуваме од мајката, а што од таткото?

Read more
 

Гик

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Читај повеќе

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Читај повеќе

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Читај повеќе

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет најчудни работи од CES 2025: Лажица додава сол во храната, јакна ги полни телефоните

Читај повеќе

Закерберг удри по Apple: Одамна не смислиле нешто одлично

Читај повеќе