Ракомет

Големо засилување за Пролет, потпиша репрезентативецот Поповски од Вардар

6. септември 2019 - 15:44 | Ф.З.

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски ја продолжува кариерата во екипата на Тинекс Пролет каде треба да биде големо засилување во новата сезона.

Десното крило од 2014 година е во Вардар каде дојде од Текстилец од неговиот роден Штип. Најпрво играше за Вардар Јуниор, а од пред две години и за Вардар, кога стана и репрезентативец. Големата конкуренција кај „црвено-црните“ го натера да си замине во потрага по поголема минутажа.

Беше дел од најголемите успеси на вардарци, додека со репрезентацијата учествуваше на мундијалите во 2017 и 2019, како и на ЕУРО 2018.

„Мартин тренираше со тимот, му излеговме во пресрет по заминувањето од Вардар, а потоа и лесно се договоривме за соработка. Договорот е тој да остане во Пролет до крајот на сезонава, освен доколку во меѓувреме не добие примамлива понуда од странство“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Шанса за деби ќе има веќе утре кога во истоимената скопска населба Пролет гостува Охрид во рамките на првото коло од новата сезона.

Коментирај