„Големото К“ заминува во историјата: Килограмот се менува оваа недела

Килограмот како мерка за тежина оваа недела ќе претрпи измени бидејќи научниците го променија начинот на кој ја дефинираат масата на еден килограм. Сепак, вагите и понатаму ќе покажуваат иста тежина и еден килограм овошје ќе тежи исто колку и претходно.

Досега масата беше дефинирана преку „дедото на сите килограми“: метален цилиндар со големина на топче за голф, кој е заклучен во трезор во Франција. Повеќе од еден век ова беше единствениот вистински килограм на кој се засноваа сите останати.

Тоа повеќе нема да биде случајот. Се очекува дека на состанокот во Версај, кој ќе биде одржан во петок, владите да го одобрат планот кој предвидува отсега па натаму да се користат научни формулации за дефинирање на точната маса на еден килограм. Се очекува дека таа промена ќе има практични последици во индустријата и науката, кога се работи за ултрапрецизно мерење на тежина.

„Големото К“ – килограмот кој беше главен показател на мерка за тежина уште од 1889 година, заминува во историјата.

Тој е изработен од легура отпорна на корозија: 90% платина и 10% иридиум, а овој меѓународен прототип за килограм ретко ја гледаше светлината на денот. Сепак, неговата улога беше пресудна како основа за општоприфатен систем за мерење на маса, од што зависи и целата меѓународна трговија.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе