Golf отсекогаш поставувал стандарди – кои новитети ги донесе „осумката“?

„Целата автомобилска индустрија очекува и новиот Golf да постави стандарди“, вака генералниот директор на германскиот автомобилски гигант, Херберт Дајс, ја најави осмата генерација на најпопуларниот Volkswagen.

Новиот Golf минатиот четврток во Волфсбург беше претставен како стандард во одредени области на автомобилската индустрија.

Ова се главните адути на Golf 8:

Аналогното заминува во историјата. Golf 8 е првиот компактен автомобил кај кој повеќето од функциите се контролираат преку дигитален дисплеј. На централната табла останаа само неколку најнужни физички копчиња.

Смартфонот е клуч. Смартфоните со години веќе се сѐ поповрзани со контролите на автомобилите, а новиот Golf нуди можност вашиот телефон да биде и единствениот клуч за возилото. Не е потребно да имате ни сигнал и врска, доволно е само мобилниот да го доближите до вратата на автомобилот и тој ќе се отклучи. Податоците за клучот може да им ги пратите и на други лица, како на пример членови на семејството или некој друг кој редовно го користи истиот автомобил. Тие ист така ќе може да го отклучат со своите смартфони.

Ако не сте задоволни од изборот на опрема во вашиот Golf, тоа не е проблем. Благодарение на функцијата Features on demand само со неколку кликови од мобилниот телефон можете да додадете системи како навигација, адаптивен темпомат, гласовни команди и слично.

Volkswagen остана верен на обликот што ги карактеризира сите генерации на Golf, но сепак го подобри коефициентот на аеродинамика на 0,275.

Еден од главните адути на Golf 8 е системот Car2X кој овозможува автомобилот да комуницира и да разменува информации со околината.Се поврзува со автомобилите и сообраќајната инфраструктура на оддалеченост од 800 метри и разменува информации за сообраќајни несреќи, работа на патот, метеж и слично.

Golf има еден од најнапредните системи за автономија. Системот Travel Assist овозможува автомобилот сам да ја преземе контролата на управување, забрзување и кочење до брзина од дури 210 км/ч. Со оглед на тоа дека законот не дозволува потполно автономно возење, возачот мора барем еднаш да го допре со рака воланот кој е опремен со сензори на допир.

Golf е првиот автомобил со DSG автоматски менувач кој ја нема класичната рачка на менувачот. На нејзино место има мал „џојстик“ што не е поврзан со менувачот, туку командите ги испраќа по електронски пат. Исто така, ослободен е голем простор меѓу двете предни седишта.

VW Golf се појави во 1974 година. Во своите 45 години постоење има забележано продажба од над 335.000.000 единици. Во ерата на кросовери, Golf и понатаму суверено владее со Европа.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе