Golf полни 45 години: Секои 40 секунди во светот се продава по еден автомобил

Поминаа 45 години откако беше произведен првиот автомобил од серијата Golf на германската компанија Volkswagen. Дури ниту по 35 милиони продадени примероци, Golf нема намера да запре – туку граби напред како лидер на еден цел сегмент од автомобилската индустрија.

Кога во 1970-тите беше замислен како наследник на дотогаш многу популарната „Буба“, никој не веруваше дека Golf може да биде уште поголем хит од било кој автомобил на Volkswagen дотогаш.

Ниту Џорџето Џуџаро не можеше да знае дека неговата креација еден ден ќе го освои автомобилскиот пазар ширум светот. Тој го дизајнираше Golf-от како семеен, но практичен автомобил, но во истиот момент ги постави темелите за тоа како треба да изгледа еден современ и компактен градски автомобил. Volkswagen Golf, „кец“ и „единица“ станаа препознатливи термини за ова возило, кое сега е многу популарно под едноставното име Golf.

Производството на Golf за светскиот пазар беше на 29 март 1974 година, кога во германскиот град Волфсбург напорно се работеше на полето на наоѓање наследник за тогашниот хит – „Буба“.Само неколку месеци подоцна, на 8 јули истата година, низ салоните насекаде низ светот пристигнаа првите модели на Golf 1 – останатото е историја.

Буквално преку ноќ Volkswagen Golf ги освои срцата на љубителите на автомобили, така што две години по премиерата веќе беше продаден милионитиот примерок на ова германско возило.

Оттогаш досега, според пресметките на Volkswagen, низ светот се продава по еден Golf на секои 41 секунда.

Ако минатото и сегашноста изгледаат импресивно, иднината на Golf е матна, барем засега. Овој модел и понатаму е број 1 на европскиот пазар, но автомобилската индустрија се менува и може да се очекува дека неговото место за неколку години ќе го преземе некој електричен автомобил.

Во компанијата Volkswagen постои навистина голема доверба за новите модели I.D., кои веќе почнаа да ги нарекуваат „новиот Golf“.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе