Натпревар од четвртфиналето во Африканскиот шампионат го одбележа ужасна повреда на голманот на еден од тимовите.
Хороја остана без својот голман Хадим Ндиаје на натпреварот, откако фудбалерот ги скрши двете нозе откако се судри со соиграч во обид да одбрани гол.
Повредата на Сенегалецот се случи во моментот кога голманот се обиде со лизгачки старт да ја спречи топката да отиде кон голот. За жал, неговиот соиграл Бубакар Самасеку имаше иста замисла и се удри во него, кршејќи му ги двете нозе.
Фудбалерите останаа шокирани на теренот, додека медицинските екипи на носила го изнесуваа Ндиаје. Клубот Хороја потврди дека на голманот му била направена операција во Рабат.
„Операцијата помина добро и се надеваме дека ќе закрепне“, соопшти клубот, без да каже колку долго ќе трае опоравувањето на голманот.
Во знак на добра волја и со цел да му обезбеди сигурност, клубот му го продолжи договорот на 34-годишниот Ндиаје на уште три години.
*ВНИМАНИЕ! Содржината на видеото може да ве вознемири