Голманот Димитриевски останува во Рајо, го продолжи договорот

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски потпиша продолжување на договорот со шпански Рајо Ваљекано кој сезонава игра во втората лига.

Македонската единица го брани голот на клубот од мадридското предградие од 31 август 2018 кога на последниот ден од преодниот рок замина таму од редовите на Жимнастик. Иако имаше периоди кога беше седнуван на клупата како резервен голман, сепак самиот тој вели дека е задоволен од престојот во Рајо. Неговиот договор сега има важност до јуни 2024 година.

„Многу сум задоволен што го продолжив договорот. Среќен сум тука. Многу ми се допаѓа тука во Рајо. Многу сум задоволен од клубот, од луѓето кои работат тука, од моите соиграчи и поради тоа сум среќен овде“, вели Столе.

Откако Рајо лани испадна од Ла Лига, сезонава настапува во Сегунда и не му оди добро бидејќи по 25 кола е на 11-тото место, но има 3 бода помалку од последното место кое води во плеј-офот за пласман во Ла Лига.

Во првите 7 кола Столе беше резервен голман, но потоа откако неговиот колега Алберто Гарсија го повреди коленото Столе се врати помеѓу стативите.

Со продолжувањето на договорот Димитриевски ќе добива поголема плата, но и Рајо ќе добие поголема отштета доколку дојде до трансфер. Со оглед на тоа што го прикажува, а и тоа што досега веќе имаше неколку понуди, би било чудно доколку Димитриевски навистина остане во Рајо до 2014 година.

Столе веќе неколку години е прв избор во македонската репрезентација за која има одиграно 34 натпревари и е трет голман со најмногу настапи зад Петар Милошевски (59) и Томе Пачовски (46).

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе