Фудбал

Голот на Гризман - сензација на натпреварот Атлетико:Севилја

20. март 2017 - 9:32 | Макфакс/Кајгана

Атлетико во дербито на 28. коло лесно ја совлада Севилја со 3:1.

Тимот на Чоло Симеоне доминираше во текот на целиот натпревар, покрај трите гола имаа уште три добри шанси, преку Гамеиро кој ја погоди гредата, Гризман и Торес, додека Севилја од единствената вистинска акција го постигна голот.

Годин во 37. минута, по центаршутот на Коке го постигна првиот гол, потоа во 61. минута Гризман постигна фантастичен гол од слободен удар, а на 3:0 зголеми Коке во 77. минута. Единствениот гол Севилја го постигна во 85. минута преку Кореа.

Коментирај