Во пресрет на репрезентативната пауза на терените шурум Македонија имаше богата фудбалска програма изминатиов викенд во двете најдобри лиги, како и во оние за фудбалерките.

На шесте прволигашки натпревари беа постигнати само 13 голови, што во просек е 2,1666 голови по натпревар. Дури два натпревара завршија со најнепопуларниот резултат и тоа во Битола и Кратово, а најефикасно беше во Скопје каде Вардар беше немоќен против актуелниот шампион Струга каде публиката виде 5 гола, а еден помалку имаше од другата страна на градот, во Чаир.
9. коло резултати:
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер - Тиквеш 0:0
Главен судија: Игор Стојчевки (Скопје)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Брера Струмица 3:1 (2:1)
Голови: 7' Симон Јоуан Едмундсон, 21' Јумеми Канда, 73' Нуман Ајетовиќ - 43' Ѓорѓе Ивковиќ
Главен судија: Игор Иванов (Велес)
Стадион „Атиона Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт – Работнички 0:2 (0:1)
Голови: 40' Али Регба, 75' Адтхе Мазари
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)
Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Гостивар – Беса 1976 1:1 (0:0)
Голови: 61' Иван Ивановски - 84' Емир Скендери
Главен судија: Влатко Илиоски (Прилеп)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Вардар – Струга 1:4 (1:2)
Голови: 28' Немања Босанчиќ - 3' Никола Влајковиќ, 42', 66' Басиру Компаоре, 74' Ланре Кехинде
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Шкендија 0:0
Црвен картон: 56' Александер Трумчи (Ш), 90'+2 Стефан Коцев (Ш)
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)
Во втората лига стандардно паднаа повеќе голови. На осумте натпревари беа постигнати вкупно 24 голови, или во просек точно 3 по натпревар. На дури половина од натпреварите имаше по 4 голови, а тие публиката ги виде во Велес, Струмица, Охрид и Гостивар. Најмалку, само еден гол видоа штипјани.
7. коло резултати:
Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Вардарски 3:0 (2:0)
Голови: 5′, 20′ Шефит Шефити, 64′ Шпенд Асани
Главен судија: Боби Величков (Велес)
Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица – Вардар (Н) 1:1 (1:1)
Голови: 11′ Лука Трајкоски – 28′ (аг) Лука Трајкоски
Црвен картон: 90'+5 Мохамед Ахмедов (В)
Главен судија: Пларент Салихи (Тетово)
Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Кожуф 1:0 (1:0)
Голови: 21′ Давид Стојков
Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево)
Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Скопје 2:2 (1:0)
Голови: 3′ Флорент Османи, 90′+3 Кристијан Јордановски – 49′ Мргим Дани, 88′ Иван Пашариковски
Црвен картон: Стефан Филиповски (Б), Гоце Јовчев (С) двајцата по крајот на натпреварот
Главен судија: Сашко Ристов (Струмица)
Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Осогово 2:0 (1:0)
Голови: 14′ Ѓорѓи Стоилов, 78′ Симеон Христов
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Саса 2:2 (2:1)
Голови: 12′ Кире Стојанов, 20′ Марио Дебрешлиоски – 44′ Андреј Симевски, 58′ Кристијан Чурлинов
Главен судија: Христијан Божиновски (Скопје)
Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Новаци 3:1 (0:0)
Голови: 58′ Ерен Парталко, 63′ Оливер Дишлиевски, 85′ Димитриј Попоски – 48′ Христијан Торнески
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)
Стадион „Градски“ во Гостивар
Башкими 1947 – Победа 3:1 (3:1)
Голови: 7′ Меметриза Хамза, 17′ Хусеин Демири, 45′+2 Хебиб Саити – 22′ Никола Талески
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)
Кај фудбалерките на 4 натпревари се постигнаа 16 голови, односно точно 4 по натпревар. Најмногу, дури 9, имаше во кумановското село Речица, а најмалку во Македонска Каменица каде публиката виде само еден гол, но таму се играше дерби натпревар.
7. коло резултати:
Стадион „Тодорче Мандаровски“ во Пржино, Скопје
Истатов – Љуботен 0:3 (0:1)
Голови: 27' (п), 68' Хулиет Ингрид Исаса Видал, 59' Настасја Накова
Главен судија: Драган Стевановски (Велес)
Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Каменица Саса – Скопје 2014 1:0 (1:0)
Голови: 29' Антонина Шопска
Главен судија: Ангела Рајчевска (Скопје)
Стадион „Речица“ во Речица
Речица – Атлетико 2:7 (0:5)
Голови: 51', 56' Емили Митковска - 13' Емилија Петковска, 21' Анета Марковска, 30', 45'+1 Милица Мелиса Димитриоска, 30', 78' Слободанка Сара Димитриоска, 90'+1 (п) Симона Тасева
Главен судија: Вјолца Изеири (Гостивар)
Стадионот „Павел Шатев“ во Битола
Топ Гол – Ас Јунајтед 2:1 (1:1)
Голови: 2' Сара Стевановска, 82' Маргарита Талевска - 5' Улза Максути
Главен судија: Спире Арсов (Кочани)
Најбогато со голови беше во втората лига за жени каде на 4 натпревари беа постигнати дури 39 голови и за малку просекот ќе беше 10 по натпревар - вака математиката вели 9,75 по натпревар. 17 од нив паднаа во Велес каде гостинките од Кочани постигнаа дури 16, а 14 видоа валандовчани оти Вардар на нивната Победа ѝ даде 13.
4. коло резултати:
Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Кочани 1:16 (1:10)
Голови: 11′ Александра Пешова – 4′, 21′, 26′, 28′, 31′, 33′, 38′, 55′, 61′, 71′, 88′ Афродита Салихи, 5′ (аг) Марија Будимова, 7′, 24′, 47′ Ангела Стојковска, 67′ Катерина Милеска
Главен судија: Николче Димовски (Велес)
Стадион „АМС“ во Валандово
Победа 16 – Вардар 1:13 (1:6)
Голови: 21′ Викторија Петкова – 3′, 27′, 38′ Теодора Јанковска, 7′, 35′, 47′, 49′ Мила Наумовска, 13′, 60′, 62′, 64′ Џенита Кицара, 72′ Елена Костадиноска , 80′ Миа Закев
Главен судија: Виолета Јанчева (Гевгелија)
Стадион „Градски“ во Македонски Брод
Порече – Плачковица 0:2 (0:0)
Голови: 50′ Марија Бојкова, 85′ Викторија Лазова
Главен судија: Бојан Попески (Прилеп)
Стадион „Лепенец“ во Бардовци, Скопје
Слободен – Билјанини Извори 0:6 (0:2)
Голови: 18′, 50′ Александра Алексиеска, 38′ Стефанија Ристова, 46′ Ивана Николоска, 63′, 66′ Марија Јулчовска
Главен судија: Бојан Божиновски (Скопје)