Мистериозен објект беше пронајден на површината на Антарктикот по топењето на мразот и предизвика бројни шпекулации и теории на завера поради местоположбата, но и поради големината.
Глобалното затоплување го стопи мразот на Антарктикот и откри огромен објект кој се протега на должина од 1.500 километри.
Кога првпат беше забележан од камерите на Google Earth, многумина помислија дека се работи за некоја од истражувачките станици поставени таму од САД, Русија или Кина, но подоцна тоа се покажа како неточно. Истражувачките станици кои се поставени таму се веќе регистрирани и се знае нивната точна локација, додека овој објект е стациониран на координати каде не е регистрирано присуство на станица.
Шпекулациите одат во најлуди теории: некои велат дека под мразот се крие нуклеарен бункер за светските најмоќни сили, додека некои велат дека забележале патеки за возила и авионски писти под мразот.
Истражувачката Флорида Макиус вели дека овој објект е видлив уште од 2001 година. Таа вели дека нема видено толку голем објект на Антарктикот, па затоа смета дека под прекривката од мраз се крие некаков вид на оперативен центар.
Големите светски сили се единствените кои би можеле да постават толку голем објект на површината на Антарктикот, но ниту една од нив не излезе со признание дека оваа мистериозна база е нивна.