Google го олеснува управувањето со лозинките на сите платформи

Корисниците на Chrome ќе добијат предупредувања доколку Google верува дека зачуваните лозинки се компромитирани.

Google ја ажурира својата услуга за управување со лозинки за да ја направи полесна за користење и поконзистентна на сите платформи. Алатката исто така може да им помогне на корисниците да ги направат своите профили побезбедни по надградбата.

Дополнително на ова, Google овозможува искуството за управување со лозинките да биде исто и во Chrome и на Android. Автоматски ќе ги групира лозинките за истите локации и апликации.

Корисниците сега ќе можат директно да додаваат лозинки на Google Password Manager, како и да ги зачувуваат кога ќе се логираат на нивниот профил. Google сугерира дека корисниците на Android ќе можат побрзо да се логираат на сајтовите користејќи ја функцијата „touch-to-login“, која ќе биде достапна на дното на екранот.

Компанијата исто така посочува дека ќе ги извести корисниците преку екранот Password Checkup, доколку забележи дека се користат компромитирани информации. Корисниците на Android ќе добиваат и предупредувања за слаби и веќе користени лозинки.

Известувањата за компромитирани лозинки ќе бидат достапни и за корисниците на платформите iOS, Windows, MacOS, Linux и Chrome OS.

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе