Google го покажа темниот режим на Android Q

На светот постојат два вида на луѓе: едни кои сакаат темен режим на секоја апликација и други на кои не им е гајле дали белата позадина на некоја апликација ќе ги заслепи навечер, додека неуморно листаат низ социјалните мрежи на телефонот. За оние првите, Android подготви темен режим на оперативниот систем Q.

Темниот режим станува многу популарен кај корисниците, а во последниот период тој стана достапен кај Facebook Messenger, Google Chrome и уште неколку популарни апликации.

За почеток, темниот режим на Android Q е многу лесен за активирање. Првата опција, секако, е да пристапите до него преку слегувачкото мени од врвот на екранот, кое е наменетно за брз пристап до одредени функции. Оттаму, изберете ја опцијата која е илустрирана со мало кругче во црна и бела боја.

Алтернативно, можете да го активирате темниот режим преку менито Settings. Најдете ја опцијата Display, притиснете на копчето Theme и потоа одберете помеѓу Light Theme или Dark Theme.

Откако ќе се вклучи темниот режим, ви станува јасно дека не се работи само за потемна позадина на екранот, како што сугерираше името Dark Theme. Од бели, нотификациите се претвораат во целосно црни, исто како и опциите и функциите во апликациите. Во некои случаи, наместо црни, тие се претвораат во темно сиви.

Ова е сѐ што знаеме досега за темниот режим на Android Q, бидејќи оперативниот систем и понатаму е во демо верзија и не е целосно завршен.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе