Google го претстави Android Go, оперативниот систем за телефони со послаби спецификации

Компанијата Google на својата годишна I/O конференција за девелопери вети дека ќе развие Android верзија за телефоните со послаби спецификации, а сега стигнуваат вестите дека токму таа верзија на оперативниот систем стигнува набрзо.

Се работи за оперативниот систем наречен Android Go, кој во моментов им е достапен на производителите на смартфони и на девелоперите, а набрзо би требало да стигне и во рацете на потрошувачите.

Android Go е верзија на Android Oreo која е дизајнирана за да работи подобро и побрзо на телефоните со 512 MB и 1 GB RAM. Во моментов на пазарот постојат супермоќни телефони кои немаат проблем со Android Oreo, но за оние корисници кои сакаат да купат помалку моќен телефон, Android Go ќе реши голем дел од проблемите.

Тешко е да се поверува дека истиот систем ќе работи на сите телефони на истиот начин како што работи основната верзија на оперативниот систем, но од Google тврдат дека се спремни да го совладаат тој предизвик. Уредите со Android Go ќе користат „Go верзии“ на апликациите како Google Maps, Google Assistant, Gmail и слично.

Оваа верзија на оперативниот систем ќе донесе и измени во дел од апликациите, како на пример YouTube, кој ќе има специјални можности за преземање на содржини преку Wi-Fi. Во останатите случаи, апликациите ќе бидат многу поедноставни и ќе зафаќаат помалку меморија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе