Google ја продолжува црната серија, го гаси и Street View

Street View наскоро ќе им се придружи на апликациите и услугите што Google ги „уби“.

Google, традиционално, продолжува да ги гаси своите услуги, а сега на ред е апликацијата Street View.

Street View е лесен начин да се добие приказ од 360° на речиси секоја улица на планетата, што го прави совршена алатка за добивање на ран впечаток за вашата следна дестинација за патување или едноставно истражување на светот од удобноста на вашиот дом. Иако апликацијата Google Maps одамна нуди користење на функцијата Street View, на корисниците им беше достапна и специјална апликација Street View за уреди со Android и iOS.

Оваа самостојна апликација опслужуваше две различни групи луѓе - оние кои сакаа детален приказ на улицата и оние кои сакаа да придонесат со свои снимки од 360°. Со оглед на тоа што популарната апликација Google Maps има поддршка за Street View и дека Google ја нуди веб апликацијата Street View Studio, веста за исклучувањето на самостојната апликација навистина не треба да изненадува, иако е преземена повеќе од милијарда пати преку Google Play Store.

Google официјално не го објави ова. Во најновото ажурирање, компанијата подготви неколку известувања за исклучување, кои беа забележани од експерти кои ги анализираат новите изданија на апликации. Известувањата ги охрабруваат корисниците да се префрлат на Google Maps и наведуваат дека самостојната апликација ќе се исклучи на 31 март 2023 година.

 Иако корисниците нема да изгубат премногу функционалност поради оваа одлука, исклучувањето на апликацијата ќе значи и крај на функцијата Photo Paths која беше воведена минатата година. Функцијата Photo Paths беше замислена како начин да се овозможи речиси секој со паметен телефон да прикачи едноставни дводимензионални фотографии од улици или патеки кои компанијата сè уште не ги документирала.

Тагови
реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Софтвер

Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Read more

Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Read more

Шпионски софтвер може да го зарази вашиот телефон без ниту еден клик

Read more

Првата бета верзија за Android 14 е тука – што има ново?

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе