Софтвер

Google нуди награда до 1,5 милион долари за откривање багови на смартфонот Pixel

22. ноември 2019 - 19:05 | А.С.

Компанијата Google го зголеми износот на наградата што ја нуди за откривање багови и безбедносни пропусти на некои од своите смартфони, од 200.000 на максимални 1,5 милион долари.

Според BBC, најголемата награда е предвидена за оние кои ќе најдат баг на безбедносниот чип Titan M што е дел од смартфонот Pixel на Google, а треба да исполнуваат и неколку критериуми.

Google соопшти дека од 2015 година има исплатено повеќе од 4 милиони долари на луѓе кои откриле багови.

Останатите технолошки компании, како Apple, Buzzfeed, Facebook и Samsung исто така нудат награди за оние кои ќе откријат безбедносен пропуст кај нивните производи и услуги.

Компаниите ги охрабруваат корисниците да ги пријавуваат пропустите за да може да се работи на нив, пред да дојдат во рацете на криминалци кои би ги злоупотребиле.

Коментирај