Google објави нов тизер за Pixel 4 што се очекува да биде лансиран во октомври.
Во видеото објавено на YouTube компанијата открива дека новиот телефон ќе се отклучува со технологија за препознавање на лица, а не со сензор за отпечаток од прст.
Google исто така открива дека Pixel 4 ќе има карактеристика наречена Motion Sense, што потврдува дека ќе има Project Soli чип што користи радар за да детектира движења со рака и гестикулации во близина на телефонот.