За оние што сакаат да ги разубават своите фотографии пред да ги споделат со пријателите и семејството, достапни се многу одлични апликации за уредување за Android. Сепак, рачното уредување фотографии може да биде напорно, особено за корисниците кои не се сигурни како функционираат алатките за уредување. Сепак, решението е при рака.

Станува збор за алатки за уредување фотографии со „еден клик“ што ги нуди апликацијата Google Photos. Оваа апликација станува уште попрактична и поефикасна благодарение на функцијата Quick Edit.
Функцијата се појавува на новиот екран за споделување кога корисникот ќе притисне share за една фотографија, но доколку избере повеќе фотографии, опцијата барем засега не е достапна.
Брзото уредување е дизајнирано да ги поедностави основните подобрувања на фотографиите, сечењето и „брзите поправки“. Сликите од екранот на новата функција, објавена од Android Authority, покажуваат познати опции, вклучувајќи алатка за сечење и копче „Enhanced“, кое работи како алатка за подобрување на главната апликација. Откако ќе завршите со уредувањето, споделувањето е лесно. Само треба да го допрете копчето во долниот десен агол.

Новата функција сè уште не е широко достапна, бидејќи се чини дека Google ја тестира на ограничен број корисници.
Google Photos претходно објави промени што го олеснуваат увидот во тоа кој има интеракција со споделените папки. Дополнително, апликацијата работи на тоа да им овозможи на корисниците поголема контрола над Google Memories и да одлучат колку често одредени луѓе се појавуваат во нив без да бидат целосно отстранети.