Google предупредува: Не паѓајте на оваа измама!

Невообичаена и уникатна злонамерна кампања инсталира малициозен софтвер на уредите на жртвите.

Истражувачите за сајбер безбедност забележале големо зголемување на техниката која вклучува примена на уникатен социјален инженеринг. Оваа злонамерна кампања бара од потенцијалните жртви да копираат злонамерна PowerShell скрипта која инјектира малициозен софтвер на уредот на корисникот, вклучувајќи ги Matanbuchus, NetSupport и разни „stealers“, односно крадци на информации.

Методот веќе го користеа неколку криминалци, на кои им се припишува нападот на дистрибутерот на спам ТА571. На 1 март оваа година, TA571 започна кампања насочена кон илјадници бизниси ширум светот, со повеќе од 100.000 пораки. На почетокот на април, лажно ажурирање на прелистувачот Chrome исто така започна да ја користи оваа техника.

Првичната кампања започнува со спамирање на малициозен софтвер или вметнување во веб-прелистувачот. На корисниците на Chrome им се прикажува скокачки прозорец со текст кој вели дека грешка го спречува работењето на документот или веб-страницата. Потоа им дава инструкции на жртвите да ја копираат/залепат злонамерната скрипта во терминалот PowerShell на дијалогот Windows Run.

Злонамерните скрипти имплементирани на овој начин можат да извршуваат различни функции, вклучувајќи крадење ингеренции или иницирање лажни крипто трансакции. Исто така, може да ја отстрани содржината на таблата со исечоци, да прикажува пораки што го насочуваат корисникот кон лажна патека, да ги извршува скриптите на PowerShell од далечина, да презема датотеки data.zip и многу повеќе.

Google истакнува дека ваквите напади лесно се откриваат и избегнуваат и ги препорачува сите познати методи на заштита.

* Преземајте апликации од добро познати апликации и официјални продавници;

* Не кликајте на линкови во е-пошта и пораки кои директно преземаат апликации или ажурирања;

* Не инсталирајте апликации, екстензии и ажурирања освен ако не сте апсолутно сигурни дека се проверена содржина.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Софтвер

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Read more

Microsoft го менува Remote Desktop со нова апликација за Windows

Read more

Google воведува откривање измами со пораки со помош на вештачка интелигенција

Read more

Корисниците на Instagram добиваат Reels со насилни и сексуални содржини

Read more
 

Гик

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески хуманоиден робот вози велосипед и извршува задачи без обука

Читај повеќе

Основачот на The Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Читај повеќе

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Читај повеќе

Јапонски брод произведува „зелен“ водород на море и го испорачува за употреба на копно

Читај повеќе