Интернет

Google: Причина за падот на системот е задушување на мрежата

3. јуни 2019 - 9:15 | МИА

Лондон, 3 јуни 2019 (МИА) – Компанијата Гугл потврди дека вчера имало спорадични прекини во сервисот поради „задушување“ на мрежата, поради што некое време не работеле социјалните мрежи Snapchat, YouTube и Google.

Компанијата информира дека во тек е истрага за причините за проблемот.

За времетраењето на проблемот, на корисниците не им биле достапни социјалните мрежи или бавно работеле, а најголемо ниво на задушување на мрежата имало во САД.

Компанијата Гугл идентификувала проблем на Гугл Клауд наведувајќи дека корисниците со соочиле со бавни перформанси или грешки кои се повторувале за време на проблемот.

„Нашиот тим инженери ја заврши првата фаза од намалување на проблемот и сега работат на другата фаза по која очекуваме се да се врати во нормала“, соопшти компанијата.

Коментирај