Хардвер

Google работи на нови Pixel таблети и лаптопи

10. април 2019 - 9:34 | К.З.

Минатиот месец Business Insider објави дека Google ангажира работници во секторите за производство на премиум таблети и лаптопи, од типот на Pixelbook и Pixel Slate. Вчера оваа информација беше потврдена и од раководството на компанијата, што значи дека нови Pixel уреди наскоро ќе се појават на пазарот.

Иако од Google не напоменаа за детали околу времето кога ќе се појават новите производи, сепак беше потврдено дека компанијата работи на уред кој ќе им помогне на корисниците на начин на кој Pixelbook и Pixel Slate не можат.

„Сметаме дека постојат уникатни работи кои можеме да ги изведеме поинаку отколку кај Pixelbook и Pixel Slate, со цел да им ја дадеме на корисниците помошта што им е потребна во време на модерната ера која преферира работење на клауд системи и платформи“, изјави Стив Џејкобс, продукт менаџер во Google.

На LinkedIn профилот на Стив Џејкобс се наоѓа еден интересен детал – пишува дека тој е водечка фигура во три категории во Google: Pixelbook, Pixel Slate и новата Emerging.

Засега е непознато што точно значи Emerging, но достапните информации велат дека се работи за „обид за наоѓање нови, иновативни начини на кои корисниците ќе работат и играат на персоналните компјутери“, така што може да се претпостави дека се работи за сектор кој ќе развива хардвер за ПЦ, односно статични компјутери.

Коментирај