Google работи на поевтини верзии на Pixel

Откако за првпат се појави на пазарот, Pixel добива многу позитивни критики од купувачите и експертите, а единствената забелешка околу овој модел е дека беше прескап за голем дел од пазарот. Тоа нема да биде проблем уште долго, бидејќи Google најави дека работи на поевтини верзии на популарниот модел.

Наводно се работи за уредите Google Pixel 3a и Pixel 3a XL, кои би требало да се појават на пазарот веќе следната пролет.

Гласините за новите верзии на Pixel се појавија од поодамна, а сега дознаваме и неколку детали за нив. Останува непозната нивната цена, но би требало да бидат околу 100 евра поевтини од актуелниот Pixel 3, кој чини 600 долари.

Според последните извештаи, Google Pixel 3a ќе има 5,6-инчен OLED екран со резолуција од 2.220х1.080 пиксели, потоа процесор Qualcomm Snapdragon 670, 4GB RAM, задна камера од 12 MP и предна селфи камера со 8 MP и широк агол на леќата, како и батерија од 3.000 mAh. Моделот Pixel 3a XL веројатно ќе има 6-инчен екран, но информации за процесорот и камерата засега не се познати.

Двата уреди ќе имаат USB-C приклучоци, 64GB внатрешна меморија, Active Edge сензори за притисок кои ќе бидат позиционирани на страните од уредот, сигурносен чип Titan M, како и технологија за брзо полнење со јачина од 18 W. Исто така, купувачите ќе можат да одберат помеѓу црна или бела боја за двата уреди.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе