Компанијата Google речиси незабележливо воведе нова категорија во својот Play Store преку која секоја недела нуди една апликација потполно бесплатно, а претходно се напќала.
Категоријата насловена "Free App of the Week", засега е достапна само во САД.
На пример, денес бесплатно се нуди играта Card Wars на Cartoon Networks, што инаку чини 2,99 долари.
Оваа идеја сепак не е потполно нова: Google минатата година имаше сличен промотивен период, но не траеше долго.
Категоријата е воведена уште минатата недела, но ретко кој ја забележа.