Софтвер

Google тестира Incognito mode за апликацијата Maps

23. септември 2019 - 13:31 | А.С.

Апликацијата Google Maps е неверојатно практична и многу луѓе ја користат речиси секојдневно. Сепак, треба да се знае дека апликацијата прибира многу податоци за движењето на корисникот и неговите активности. Меѓутоа, и тоа наскоро ќе се смени.

Компанијата Google се доближува до воведување Incognito modе за апликацијата Maps, така што корисниците полесно ќе ја користат навигацијата без да остават „дигитални траги“. Оваа опција веќе се тестира.

„Наскоро, на Google Maps, кога ќе го уклучите Incognito modе, вашата активност, местата кои сте ги пребарувале или за кои сте барале упатств, нема да бидат прикажани на нашиот Google Account. Доволно ќе биде само да кликнете на профилната фотографија за да го вклучите, односно исклучите Incognito modе“, соопштија од Google.

На пример, ако ја користите апликацијата во Incognito modе, таа нема да ги зачува податоците од пребарувањето, нема да праќа нотификации, да ја „освежува“ локацијата или да ја споделува, а исто така нема да ги користи вашите лични податоци за да ја персонализира апликацијата Maps.

Освен на мобилните уреди, Incognito modе ќе биде достапен и на десктоп преку Chrome. Со оглед на тоа дека Maps е веб апликација, кога користите Chrome во Incognito modе, тоа автоматски се применува и на Maps.

Google врши тестирања на Incognito modе и на системот Android Auto.

Коментирај