„Google Translate“ преведува офлајн на 59 јазици, вклучително и на македонски

Маунтин Вју, 16 јуни 2018 (МИА) - „Google Translate“ е една од најдобрите услуги за преведување и е особено корисна кога патувате во странство. Компанијата, исто така, нуди офлајн режим, кога немате пристап до интернет.

Се разбира, преводот не е прецизен како при он-лајн користењето на алгоритми, но се доволно добри да го разберат значењето на зборовите и речениците. „Google“ користи невронски мрежи и постојано ја подобрува способноста на „Translate“ при офлајн употреба, пишува „ТекКранч“.

 Најновото ажурирање на компанијата обезбедува поддршка за системот за преведување на невронски машини (НМТ) за 59 јазици (вклучувајќи го и македонскиот), кој може да се користи без интернет пристап. Дистрибуцијата на ажурирањето веќе започна и ќе биде достапна за сите корисници во рок од неколку недели. Досега офлајн преводот на овие јазици беше речиси невозможна задача која траеше многу време, а честопати се појавуваа грешки при преведување на одредени фрази.

 Компанијата тврди дека треба да преземете датотека со големина од само 30-40MБ. Ова е прилично прифатлива вредност, имајќи предвид дека покрива 59 јазици, како и вградената меморија што ја нудат модерните паметни телефони. Се чини дека „Google“ сака да нѐ натера почесто да го користиме „Translate“ при патување.

Албански, арапски, белоруски, бенгалски, бугарски, каталонски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, есперанто, естонски, филипински, фински, француски, грузиски, ирски, португалски, романски и шведски се само дел од јазиците што добија офлјан поддршка.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе