Google заштеди милијарда долари поради работењето од дома

Со олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, сè повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Google.

Исто така, вработените во таа компанија сè уште работат од дома и не патуваат толку многу на службени патувања – што е повторно добро за деловното работење на Google.

Конгломератот Alphabet Inc, кој инаку е сопственик на Google, во првиот квартал од годинава заштеди 268 милиони долари на патувања, промоции, забави, во споредба со истиот период минатата година, што е првенствено резултат на пандемијата, се наведува во извештајот на компанијата. Годишно, тоа би изнесувало повеќе од милијарда долари.

Всушност Alphabet во својот годишен извештај претходно оваа година соопшти дека трошоците за рекламирање и промоција се намалиле за 1,4 милијарди долари во 2020 година, бидејќи компанијата ја намали потрошувачката, паузираше или презакажуваше кампањи, а некои настани ги измени во дигитални формати поради пандемијата. Трошоците за патувања и забави се намалија за 371 милион долари.

Заштедите компензирале многу од трошоците направени при вработување на уште илјадници работници.

Сепак, компанијата планира да се врати во канцелариите подоцна оваа година. Извршниот директор Рут Порат им рече на инвеститорите дека Google планира „хибриден“ модел – со којшто ќе има повеќе простор по работник отколку претходно.

Порат, исто така, нагласи дека Google ќе продолжи да инвестира во своите недвижности низ целиот свет.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе