GoPro конечно го претстави дронот Karma

GoPro конечно го претстави долгоочекуваниот дрон Karma, кој подолго време го најавуваше, а во пакет со него го претстави и новиот модел Hero 5, како и посебна рачка за стабилизирање на камерата. Продажбата ќе стартува на 23 октомври, а дронот ќе чини 799 долари. Во пакет со Hero 5 Session цената ќе биде 999 долари, додека со Hero 5 Black ќе чини 1.099 долари.

Главниот адут на дронот Karma е едноставниот начин за користење. Дизајнот на склопување ветува практичност при носење, а во пакетот е вклучен и посебен ранец за дронот. Управувањето е преку едноставниот контролер кој на едната страна има екран на допир, а во другиот дел има два џојстика и копчиња за контрола.

Дронот може да лета со камерите Hero 5 Black, Hero 5 Session и Hero 4, а една интересна опција е гимбалот кој може да се извади од дронот и да се снима од рака.

Камерата на Karma е поставена на предниот дел, што според GoPro ќе ја елиминира можноста роторите да се појават во кадар, нешто што се случува кај дроновите со централно поставена камера.

Апликацијата ќе му овозможи на сопственикот да му даде на друг корисник преглед во видеото што го снима, како и дел од командите, а во пакет со новиот сопствен cloud сервис за складирање податоци, GoPro ќе се обиде да се избори за добра позиција на пазарот на дронови.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=CjNjcrQZtd8]

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

Мистеријата за гробот на Платон е решена откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе