Горан Грујевски осуден на една ипол година затвор

Поранешниот началник на УБК, кој е во екстрадициски притвор во Солун, Горан Грујевски е осуден во отсуство на една година и шест месеци затвор во предметот „Тврдина 2“ за уништување на документи, од кои дел биле поврзани со набавката на опремата за прислушување.

Шесте службенички вработени во Управата се осудени на условна казна. Пет од нив се осудени на условна казна од 9 месеци, а една од нив на 2 години.

Како олеснителни околности при донесување на пресудата за Грујевски, Судот го зел предвид тоа дека тој не е претходно осудуван и дека е семеен човек. Како отежителни околности за определување на казната земени се предвид степенот на кривичната одговорност, тоа дека иницирал кривично дело, завршниот збор на една од службеничките и неговото бегство.

Во однос на службеничките, Судот наведе дека тие добија условни казни затоа што досега не се осудувани и затоа што во текот на судењето рекле дека им биле загрозени нивните работни места.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека е задоволна од пресудата.

„Денеска СЈО ја доби првата пресуда, обвинетите беа осудени, а ваквата пресуда беше во нашите очекувања. Правдата не треба да ја бараме само во судниците, туку и во работата на службениците. Изразуваме задоволство. Ние ќе ја почекаме пресудата и ќе ги разгледаме аргументите на Судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме“, рече Ристоска.

Ова е прва пресуда за предмет на специјалното јавно обвинителство. Судењето за „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Управата, барањето безбедносни сертификати и сл. Речиси 3.000 документи биле уништени во црни кеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.

Грујевски и службеничките се осудени за фалсификување службена исправа за што е предвидена казна затвор од три месеци до 5 години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе