Горан Михајловски ќе бара отштета од 1 милион денари како жртва на прислушувањето

Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година денеска сведочеа за тоа која функција ја имале во општеатвото во тој период и како дознале дека се прислушувано, на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”. Се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување.

Сведокот жртва Горан Сугаревски, пред судот рече дека од 2008 година бил пратеник во Собранието, а од 2011 и координатор на пратеничката група на СДСМ, а за тоа дека бил цел на прислушување дознал откако објавил Зоран Заев.

– Се обратив во СЈО кон крајот на 2016 година, каде ми беше кажано дека во 2008, 2009, 2011 и 2013 година службениот број бил сериозно прислушуван, изјави Сугарески.

Рече дека се чувствува оштетен, но дека не бара никаква штета во оваа постапка.

Новинарот Саше Димовски, рече дека телефонскиот број што го користи од 2001 година е ист и менувал само префикси, како што менувал оператор.

– За тоа дека бев прислушуван станав свесен во 2010 година, по објавување на текст, за кој тогаш добив куп материјали од нелегално преслушувани разговори на обвинители од ОЈО Гевгелија. Истото по телефон го предочив на тогашниот јавен обвинител, сега адвокат во судница, по што и го објавив и мислам дека од тогаш мојот број беше ставен на прислушување, изјави Димовски.

Посочи дека имале сопствен поздрав „Остваруваме 24/7” на крајот на секој разговор, со цел, како што рече, да им стават до знаење дека сме свесни за прислушувањето.

– Се чувствувам оштетен. Како што знаете, не по мое барање, туку на СДСМ на мене ми беше дадена папка со транскрипти од мои разговори со луѓе, кои и повеќе не беа живи. Со тоа моите приватни и интимни разговори се најдоа како на зелен пазар, што ми предизвика голем стрес, со што ми се покачи шеќерот, добив инфаркт и слепило, а штетата само за лекување е 30 илјади евра. Затоа барам отштета од 200 илјади евра, изјави Димовски.

Катерина Цаневска, рече дека додека работела во А1 телевизија се случувало за вести или прилог што сè уште не е објавен, за тоа да добијат демант од институција или влада, поради што се сомневале дека се прислупувани.

– Тогаш знаевме и после само се потврди дека на четири мои телефони сум била следена, изјави Цаневска.

Рече дека се чуватвува оштетена, бидејќи е направен удар врз демократијата и нејзината работа како новинар.

Четвртиот сведок оштетен Младен Чадиковски, рече дека од 2008 до 2011 бил уредник на А1 телевизија, а до 2013 бил уредник на економска редакција во Фокус.

– Сознанија добив во 2015 година кога на прес на тогашната опозициска партија беше обелоденето моето име и ми беше дадена папка со мои разговори. Претходно сум имал сомненија, но не можев да потврдам, изјави Чадиковски.

Рече дека се чувствува оштетен и најави оштетено побарување.

Сведокот оштетен Јадранка Костовска, рече дека од 2008 до 2015 била главен уредник на неделникот Фокус, и потсети дека била дел од случајот Големо уво од 2011 година, што со неколку новинари го добиле, но никој не одговорал.

– Постојано имаше сомнежи. Во 2011 година почна една канонада тужби за клевети за делови од поставени прашања од прес-конференции. За тоа се жалев на Никола Младеновски, за лошиот третман во судот и тогаш почна речиси секоја неделада да добивам тужби за клевета. Мојот сомнеж е дека некој знаел дека тоа силно ме иритира и барав од Младенов да поатави друг урдник и затоа беа тие тужби. Класичен мобинг зошто 70 проценти од тие тужби беа повлечени, изјави Костовска.

Посочи дека на прес конференција на Зоран Заев ѝ била дадена папка со транскрипти од нејзини телефонски разговори и СМС комуникација. Костовска, рече дека се чувствува за оштетена и најави барање за отштета.

Сведокот оштетен Горан Михајловски, рече дека во тој период работел како главен уредник на весникот Вест.

– Моите сомнежи се потврдија 2013 година, бидејќи се случувало за нешто што разговарам по телефон со извори за вест да добијам повик од менаџмент на весникот тоа да не се објави. Инаку добив информации дека мојот телефон е прислушкуван на прес на СДСМ во 2015 година, изјави Михајловски.

Рече дека се чувствува оштетен, бидејќи самото прислушување буди чувство на несигурност и за себе и за неговите извори како новинар. Тој најави отштета од еден милион денари.

Новинарот Борјан Јовановски, кој рече дека за неговото прислушување дознал на прес конференција на СДСМ истакна дека се чувствува оштетен и најави отштетно побарување.

Сашо Ордановски, рече дека од 2008 до 2015 година работел како новинар и дописник,а кога му бил даден материјалот со транскрипти му било кажано дека еден од пет најприслувани во државата, а бил и цел на следење.

– Не само што се чувствувам оштетен, туку имам и реална материјална штета. Ноќта меѓу 3 и 4 мај 2015 година беше дигнато во воздух мое возило во Бардовци. Потоа ја напуштив државата, бидејќи бев предупреден дека се спремаат и други работи против мене. Конечно низа други штети, бидејќи јас бев цел на пропагандата на тогашниот режим, изјави Ордановски.

Сашка Цветковска, рече дека од 2008 до 2015 работела во А1, Фокус и Нова, а за прислушувањето дознала на пресконференција на СДСМ кога ѝ била поделена папка со транскрипти од нејзини лични разговори.

– Работата што ја правев вклучуваше следење на имотот на политички експонирани лица. Едно од тие лица беше и Сашо Мијалков. Објавивме неколку истражувања. Ние во тоа време бевме напаѓани дека сме предавници на државата. Нема да зборувам за притисоците понатаму, а за тоа ќе доставам докази, изјави Цветковска.

Рече дека се чувствува оштетен и најави отштета.

– Штетата се заснова на професипнален план. Работев девет години за да создадам редакција што ќе работи на истажувања. За мојата штета нема да зборувам, за тоа јас сама се заложив и не барам отштета, изјави Цветковска.

Адвоктатот на Гордана Јанкуловска, Љупчо Шврговски, на почетокот до судот поднесе образложение и побара на листата на оштетени да биде додадена и Јанкуловска, бидејќи таа е обвинета во предметот Тврдина.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе