Горбачов наполни 90 години, роденденот го прослави во карантин

Б.С.Б.
/ 03.03.2021 / 09:09

Последниот советски лидер Михаил Горбачов наполни 90 години, а веќе со месеци се наоѓа во болнички карантин поради пандемијата со коронавирусот, пренесе Reuters.

По повод роденденот, рускиот претседател Владимир Путин го нарече „исклучителен државник“. Роденденот му го честитаа и американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Путин порача дека Горбачов припаѓа на групата исклучителни луѓе и државници кои имале големо влијание на домашната и на светската историја.

Додека беше на власт во периодот меѓу 1985 и 1991 година, Горбачов се залагаше за реформи да се постигне отвореност и „перестројка“, а неговата политика доведе до распад на Советскиот Сојуз. Ќе остане запаметен како последниот лидер на СССР.

Во 1991 година доби Нобелова награда за мир и засекогаш се запиша во историјата. Роден е на 2 март 1931 година во сиромашно семејство со руско-украинско потекло.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе