Гордана Јанкулоска: На крај памет не ми паѓа некаде да бегам

Скопје, 19 септември 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи презема стандарди полициски оперативни мерки и активности, коментираат од МВР во врска со обвинувањата кои ги упати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада.

-Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а сѐ уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот, велат од МВР.

-Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша Јанкулоска на својот Facebook профил.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме...

Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Saturday, September 19, 2020

 

Врховниот суд ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд.

Во Случајот Тенк, отворен од згаснатото СЈО, предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“. Јанкулоска со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири. Поповски првостепено беше осуден на шест години и шест месеци, а Апелација му ја намали казната на четири. Поранешниот премиер Никола Груевски доби затворска казна во висина од две години.  

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе