Гордана Силјановска Давкова е кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Струга, 16 февруари 2019 (МИА) – Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните избори закажани за 21 април.

Силјановска е избрана попладнево на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг.

На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519.

Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата покрај Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

По изборот, им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Македонија и дека е време да ѝ врати за тоа.

-Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камо ли да се победи ако зад вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото нѐ води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова во обраќањето по гласањето, негирајќи ги обвинувањата дека е националист.

-Не, не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?, рече професорката.

Потсети на деветте позитивни извештаи од ЕК.

– Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да ѝ пружат рака на Република Македонија бидејќи отсекогаш сме биле дел од Европа, посочи Силјановска Давкова.

Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ почна на пладне, со обраќање на лидерот Христијан Мицкоски, по што следеа 15-минутни обраќања на претседателските кандидати во кои тие ги образложија и претставија своите визии и програми.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе