Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи, ги сподели своите основни трикови за готвење, вклучувајќи трик за совршена подготовка на италијанска паста. Иако повеќето луѓе ги пробуваат тестенините во интервали за да видат дали се доволно сварени, овој славен готвач има подобар трик.

Готвењето го започнува со ставање вода во лонец, и секогаш користи поголем за тестенините да се сварат рамномерно. Додава неколку прстофати сол (малку поголема количина) и добра количина малсиново масло за да не се залепат тестенините. Многу луѓе го избегнуваат овој чекор, но Ремзи напоменува дека е задолжително со цел пастата да не се лепи. Исто така советува дека треба да почекате водата да зоврие пред да ги истурите тестинините.
Ако користите подолги тестенини, како што се шпагети, советува прво да ставите еден крај од шпагетите, да почекате да омекнат, а потоа да ја натопите целата количина за да се свари и другиот крај. Вклучете тајмер на времето напишано на пакувањето од тестенините, а кога ќе измине времете извадете едно парче и само со допир на прсти ќе почувствувате дали е доволно сварено.
„На допир треба да се цврсти, а сварени. Треба да бидат 'ал денте', така што да не се премногу тврди, ни крцкави, ама не и омекнати“, објаснува Ремзи.

Исцедете ги тестенините, додајте уште малку сол, малку бибер и лажица маслиново масло. Измешајте добро и потоа комбинирајте со омилениот сос.