Гордон Ремзи си ја зеде бељата откако на јагниња им рече „кое прво ќе оди в рерна“

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи крена доста прашина со својата објава на TikTok каде „бара јагне за во рерна“, а за тоа се огласи дури и ПеТА (Луѓе за етичко постапување со животните).

На крајот на минатиот месец Ремзи сподели видео на својот TikTok каде влегува во трло со овци и јагниња, преправајќи се дека избира кое животно „прво ќе влезе во рерната“. Иако се претпоставува дека со ова сакал да ги насмее своите следбеници, очигледно не успеа.

На снимката се гледа како славниот готвач се качува на одредено место на фармата, велејќи „Ќе ве изедам“, додека се гледа како некои од јагнињата наивно му приоѓаат.

„Ммм, њам, њам, њам... Кое од вас прво оди во рерна?“, се прашуваше триејќи ги рацете. Потоа со прстот покажа кон едно од нив: „Ти“, рече и скокна во трлото, поради што животните се запрепастија.

Видеото, интересно, собра над 1,3 милиони лајкови, а имаше и бројни реакции од корисниците кои не беа воодушевени од оваа глетка.

@gordonramsayofficial

The Lamb sauce was still not found in the making of this video…..

♬ original sound - Gordon Ramsay

„Ова ја преминува границата. Тажен е светот во кој живееме“, е еден од коментарите. Други рекоа дека ја ценат работата на готвачот, но дека овој момент „не му требал“.

Прокоментира и потпретседателката на ПеТА, а за објавата на Ремзи имаше прилично остар коментар.

„Гордон Ремзи се глупира. Да се ​​плашат нежни јагниња е бесмислено, а не забавно. Она што би било смешно е ако неговите деца станат вегани и се одречат од него, слично како што ќерката на Илон Маск се одрече од својот татко“, рече Елиса Ален за британски Metro.

Таа додаде дека животните од видеото се „бебиња кои од животот сакаат повеќе отколку можност да го живеат, а не да завршат во устата на овој или кој било друг идиот“.

Гордон, да потсетиме, важи за врвен готвач, но често е критикуван, како поради баснословните цени во неговите ресторани, така и поради неговиот арогантен однос, а со ова, се чини, се оддалечи уште еден чекор од своите обожаватели.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Живот

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Read more

Зошто не е препорачливо да ги ставате чашите наопаку по миење?

Read more
 

Магазин

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе