Ѓоргиев: Придавката „македонски“ останува во записниците на Мешовитата комисија

Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува професор Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим историчари во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е постигнат на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

– Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите. При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба. Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор и согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот, тука да се применува тој договор. И не станува збор за апсолутно целосно не употреба на придавката македонски. Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација... Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот, истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

На вчерашната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок. Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот.

Во периодот до наредната редовна средба, во полн состав, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

реклама

Британците збеснаа поради интервјуто на Меган и Хари: Ова е предавство

Read more

Сто факти за вселената во кои нема да ви се верува

Read more

CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Read more

Пациентите по COVID-19 страдаат од посттрауматско нарушување, анксиозност и кошмари

Read more

Македонија

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Read more

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Read more

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Read more

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Read more
 

Вести

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Читај повеќе

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Читај повеќе

Маж исчезнал во водите на Вардар во близина на ПИОМ

Читај повеќе

Американците очекуваат до 2030 година да имаат жена за претседател

Читај повеќе

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Читај повеќе

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и во Охрид

Читај повеќе

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Читај повеќе

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Читај повеќе

Царовска: Жените просветителки ја создаваа државата, жените просветителки ја градат иднината

Читај повеќе