Ѓорѓиевски ги седна Трипуновски и Костадинов на заедничка маса: Не постои нерешлив проблем

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес во просториите на ЗЕЛС одржа средба со министерот Цветан Трипуновски и градоначалникот на Oпштина Струмица, Костадин Костадинов, за проблемите на струмичани и изнаоѓање на заеднички решенија. На состанокот се усвоија неколку заклучоци, а Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС е обединет и додека е тој претседател, сите проблеми ќе се решаваат на заедничка маса.

„Со добра волја и на заедничка маса, да дојдеме до заедничко и прифатливо решение за сите – беше нотирано денес на средбата во просториите на ЗЕЛС, која ја одржавме заедно со министерот Цветан Трипуновски и колегата Костадинов од Струмица.

Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица. Како што истакнав на моите претходни излагања, кај мене не постои поделба по ниту една основа и ќе бидам медијатор во решавање на сите процеси. Политика мора да стои настрана, граѓаните се приоритет.

На состанокот ги договоривме следните точки:

Формирање на комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната Турија и причините за неодамнешното појавување на манган во водата.

Долгот кој што го има Општина Струмица спрема АД 'Водостопанство' ќе биде сервисиран согласно утврдена динамика, а АД 'Водостопанство' ќе ги извршува сервисирањата и услугите од својата надлежност.

Дискутиравме за квалитетот на водата која што во моментов според надлежните институции е исправна и чиста за пиење.

Драго ми е и што колегата Костадинов го промени својот став и ЗЕЛС останува обединет. Од сега па натаму, додека јас сум претседател, проблемите ќе се решаваат на маса, а комуникацијата помеѓу институциите ќе биде на највисоко ниво“, изјави Ѓорѓиевски.

Тагови
реклама

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Read more

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

A European Christmas - романтична божикна комедија за Американка која оди во Србија

Read more

Драма на Балтикот: Руски брод пукал во германски хеликоптер

Read more

Македонија

Дали сепак ќе му се суди на 100-годишниот поранешен чувар на нацистички логор?

Read more

Шанса за Центар бара: Основни работнички права за луѓето што ни ја чистат општината

Read more

ВЛЕН: ДУИ е синоним за зло и дестабилизација

Read more

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Read more
 

Вести

Скопјанец брутално ја претепал поранешната сопруга, се бара притвор

Читај повеќе

Иран донесе уште построг закон против непристојно облекување

Читај повеќе

Притвор за прилепчанец, со пиштол им се заканувал на полицајци во Битола

Читај повеќе

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Читај повеќе

Градот како сцена: Пловечки универзитет - предавање, работилница и шетачка театарска тура по улиците на Скопје

Читај повеќе

Расчистено убиство во Струмица: Осомничено 18-годишно момче

Читај повеќе

Драма на Балтикот: Руски брод пукал во германски хеликоптер

Читај повеќе

Дали сепак ќе му се суди на 100-годишниот поранешен чувар на нацистички логор?

Читај повеќе

Шанса за Центар бара: Основни работнички права за луѓето што ни ја чистат општината

Читај повеќе