Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Со пријателски разговор, кафе и баклава, градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, беше пречекан во Старата чаршија од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Средбата се одвиваше во рамките на серијата посети на сите општински раководства, кои имаат цел дискусија на темите што ги засегаат граѓаните и изнаоѓање соодветни решенија за нивните проблеми.

„Со градоначалникот Ганиу дебатиравме за сработеното, но поголемиот дел од времето беше посветено на проблемите што настанале поради опструкции од страна актуелното раководство на Градот. Беа издвоени приоритетите – целосна реконструкција на булеварот 'Цветан Димов' и на улицата 'Џон Кенеди', решавање на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи“, за што, како што истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, е убеден дека градоначалникот на Чаир ќе најде начин да ги реши, но и дека заеднички ќе изнајдат решенија и за другите општински и градски проблеми и покрај немањето слух од страна на Градот. Оптимизмот потенцира дека се должи на тоа што Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а игнорантскиот однос од изминатите години ќе остане во минатото, соопштија од кабинетот на Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека имал пријателско кафе во Ганиу во срцето на Скопје.

„Сакам да изразам огромна благодарност за прекрасниот пречек во Старата скопска чаршија. Секогаш уживам тука бидејќи бидејќи Чаршијата има посебен дух и го чува мултикултурното наследство на разни цивилизации, ги обединува и Македонците и Албанците и Турците и сите во нашето прекрасно Скопје. Како претседател на ЗЕЛС, со Ганиу разговаравме за неговата досегашна успешна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје. Како и секоја општина на територијата на град Скопје, така и Општина Чаир се соочува со проблеми, но и со опструкции од страна актуелното раководство на Градот. И покрај немањето слух од страна на Градот, проблемите заеднички ќе ги надминеме бидејќи Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а оној игнорантски однос во изминатите години заминува во минатото“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ова е втора средба на двајцата градоначалници. Во периодот што следува најавија дека ќе изготват решенија за што побрзо надминување на сите детектирани проблеми.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски, како претседател на ЗЕЛС најави посети во сите општини.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Македонија

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Read more

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе