Скопје, 25 септември 2018 (МИА) - Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната конструкција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.
Лицата од приемното одделение во моментот безбедно биле префрлени во други простории.
Противпожарната служба на Град Скопје интервенира со неколку возила.