Фит

Горска Изотоник за правилна хидратација при зголемена физичка активност

27. август 2014 - 14:59 |

Етаблираниот македонски бренд Горска, ексклузивно за сите корисници на Горска производите, а посебно за љубителите на физичката активност, почна со продажба на висококвалитетен изотоничен енергетски пијалак Горска Изотоник, кој со своето дејство, во значителна мера влијае на подобрување на спортските перформанси, овозможувајќи правилна хидратација и поголема издржливост и енергија за време на интензивните тренинзи.

При зголемена физичка активност, мускулите постојано имаат потреба за енергетски состојки, како би биле во состојба да го издржат физичкиот напор и да обезбедат енергетско гориво. За време на интензивна и напорна физичка активност, зголеменото активирање на мускулната маса предизвикува намалување на резервниот шеќер во мускулите (залихи на гликоген), телото преку потта губи важни витамини и минерали и со тоа се нарушува рамнотежата на течноста и електролитите (натриум и калиум) во организмот.

За да се постигне правилна хидратација, на најбрз и најефикасен начин да се надокнадат потребите на човековиот организам за негово правилно функционирање, врвните спортисти и атлетичари консумираат изотонични пијалаци, преку кои оптимално ја надоместуваат изгубената течност, ја враќаат потрошената енергијата и ги подобруваат спортските перформанси.

Консумирањето на изотоничниот пијалак, пред, за време и после физичката активност, обезбедува правилна хидратација и претставува одличен извор на енергија. Предноста на внесување на изотоничен пијалак, се состои во забрзаниот процес на преминување на водата  и минералните материи до ткивата и ограничувањето на премногу брзото трошење на залихите на гликоген во мускулите и црниот дроб. Со самото негово својство на автоматско врзување со електролитите, веднаш се постигнува апсорпција на водата, која му овозможува на човековото тело рамнотежа на односот на витамини, минерали и важни електролити, и придонесува издржливост за време на интензивниот тренинг, како и брзо закрепнување на мускулите.

Неговото изотонично дејство, кое содржи нутритиенти за нормална јаглено-хидратна и енергетска размена, го чува општото здравје, рехидрира, го закрепнува мускулното ткиво, овозможувајќи продолжување на напорните физички активности со ист интензитет.

Коментирај