Гостин повикал полиција за цена на кафе, барот казнет со 1.000 евра

МИА / КАЈГАНА
/ 20.05.2022 / 11:34

Кафуле во Фиренца е казнето со 1.000 евра откако гостинот се изнервирал поради цената на филџан еспресо. Имено, посетителот повикал полиција и се пожалил дека цената не била прикажана на таблата зад шанкот.

Таа грешка го чинеше барот Ditta Artigianale, познат по своето кафе и победи на неколку натпревари. Инаку, кафето без кофеин го чинело незадоволниот гостин 2 евра во центарот на Фиренца.

Франческо Санапо, сопственикот на кафулето, на интернет се пожали на казната и го бранеше своето кафе кое, како што вели, потекнува од мала плантажа во Мексико и се подготвува со големо внимание. Тој рече дека цената на кафето била прикажана на дигиталното мени.

„Ме казнија затоа што некој се навреди што платил 2 евра за кафе без кофеин. Може ли да поверувате!?“, прашува Санапо на објавеното видео, додека го држи писмото од полицијата.

„И денес, ако некој е дотолку изнервиран и повика полиција, таа казнува по застарениот закон. Овој закон мора да се смени, или во спротивно 99,9% од објектите ќе бидат казнети“, рече тој.

Во Италија просечната цена на еспресото е 1 евро, иако повеќе од 70% од продавниците ги зголемија цените од почетокот на годинава поради ситуацијата со синџирите на снабдување и слабата реколта. Групите на потрошувачи предупредија дека цената на еспресото годинава може да порасне до 1,5 евра.

Санапо рече дека кафулето, кое на Facebook е опишано како „првото италијанско кафуле посветено на квалитетно кафе“, било сметано дури и за револуционерно кога наплатувало 1,5 евра за еспресо кога се отворило во 2013 година. Во нивна одбрана застана и Здружението на мали стопанственици.

И некои од редовните гости го бранеа кафулето.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе