Автомобил „бмв“ со скопски регистарски ознаки од засега непознати причини во близина на гостиварското село Куново излетал надвор од патот и паднал во провалија длабока околу 100 метри.
Во незгодата што се случи во недела вечер, со тешки телесни повреди (ампутирана рака) се здобил Л.Д. (32) од Гостивар, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во МЦ-Скопје.
Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден. Се работи на целосно расчистување на случајот.