СЕРИЈА А 2020/21

Готи: Несторовски тренира како да е дете од младинскиот тим

Тренерот на Удинезе упати низа пофалби до македонскиот напаѓач кој синоќа со својот гол му донесе победа на овој тим против Фиорентина.

Илија Несторовски не ужива минутажа кај Удинезе и оваа сезона. Цело време е на клупата за резервни играчи, а обично влегува во вториот дел, понекогаш и на полувреме. Вчера тренерот Лука Готи му даде шанса конечно да почне од првата минута, првпат по 12 декември 2020, и не зажали бидејќи Иле му ја донесе победата на Удинезе.

Во 86-тата минута по нафрлувањето од Родруго Де Паул, нашиот репрезентативец со глава го совлада полскиот голман Бартуомјеј Дронговски и му донесе големи 3 бода на тимот од Удине.

„Несторовски доби малку шанси да се покаже, но цело време тренира со ентузијазам небаре е дете од младинскиот тим, а не 30-годишник. Заслужи да игра и го заслужи овој гол“, рече стратегот на „Фриулианите“.

Remote video URL

Несторовски сезонава одигра 15 натпревари за Удинезе, но само 436 минути, или во просек 29 минути по натпревар. Ова му е само втор гол сезонава, а запиша и една асистенција.

Неговиот нагажман на тренинзите е добра вест и за македонската репрезентација Иле е ударната алка во нападот на селекторот Ангеловски и речиси сигурен играч на списокот за настап на претстојното ЕУРО.

реклама

Фудбал

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Read more

Спорт

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе

Обамејанг заврши со Габон: Ме понижија и ми го уништија угледот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени Калчо наградите 2026: Димарко, Фабрегас и Нико Пас меѓу победниците

Читај повеќе