Говорот на Роналдо ги остави сите во соблекувалната на Јунајтед без коментар

Кристијано Роналдо во саботата заигра за Манчестер Јунајтед по 12 години. Во четвртото коло од Премиер лигата, Јунајтед го пречека Њукасл, а Роналдо играше во првата постава и веднаш постигна два гола во победата од 4:1.

Повратникот од Јувентус веднаш се наметна во новата соблекувална како лидер.

„Кристијано ги крева сите и ги принудува своите соиграчи да бидат концентрирани. Тој прво го бара тоа од себе, а потоа и од соиграчите и сите нас“, изјави менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во саботата по натпреварот.

Незаборавен говор

The Sun пишува дека Роналдо одржал воведен мотивациски говор пред Њукасл. Тој побарал од своите соиграчи посветеност и напор.

„Говорот на Роналдо беше многу моќен и возбудлив. Целата група играчи и стручниот штаб го слушаа во тишина. Им рече на соиграчите: ‘Се вратив во Јунајтед од две причини. Првата е затоа што го сакам клубот. Втората е дека го сакам победничкиот менталитет кој се чувствува во редовите на овој тим’“, пишуваат Англичаните.

Тие тврдат дека Роналдо им го кажал ова на соиграчите:

„Не се вратив да бидам навивач. Ако сакате да успеете, треба да го сакате овој клуб со сето свое срце. Треба да јадете, да спиете и да се борите за овој клуб. Играле или не, треба да ги поддржувате вашите соиграчи и секогаш давајте 100 проценти за клубот“.

Роналдо првпат дојде на „Олд Трафорд“ во 2003 година од Спортинг Лисабон како 18-годишник и таму остана шест години, па замина во Реал за 94 милиони евра.

реклама

Беше еден од најплатените актери во Холивуд, банкротира купувајќи глупости

Read more

Британците панично купуваат гориво, бензинските пумпи останаа без залихи

Read more

Волкановски го предизвика Мекгрегор

Read more

Били Ајлиш: Изгубив 100.000 следбеници поради моите големи гради

Read more

Фудбал

Објавени платите во Милан, Ибра убедливо на врвот

Read more

Мурињо: Судијата и ВАР уништија фантастично дерби

Read more

Ферги: Враќањето на Роналдо беше како Цезар да влегува во Рим

Read more

Строгите навики на Левандовски: Сите оброци ги почнува со десерт

Read more
 

Спорт

Објавени платите во Милан, Ибра убедливо на врвот

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо: Судијата и ВАР уништија фантастично дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Волкановски го предизвика Мекгрегор

Читај повеќе
  • play_arrow

Усик му ги врати појасите на Џошуа по шокантниот пораз

Читај повеќе

Ферги: Враќањето на Роналдо беше како Цезар да влегува во Рим

Читај повеќе

Строгите навики на Левандовски: Сите оброци ги почнува со десерт

Читај повеќе

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија

Читај повеќе

Јубилејна стота победа во Формула 1 за Луис Хамилтон

Читај повеќе

Фернандеш со порака до навивачите на Јунајтед по поразот од Астон Вила

Читај повеќе