Гозба на 70 ајкули снимена од дрон
Видеото снимено во Западна Австралија во делот Шарк Беј, покажува што се случува кога 70 ајкули ќе нападнат кит. Снимката од дронот покажува како изгледа крвавата гозба во кристално чистите води. Ајкулите безмилосно го напаѓаат китот, а освен видеото од дронот има и кратка снимка од непосредна близина снимена од чамците во водата.