Две лица, со автомобил грабнале средношколка од пред училиштето, по што ја оставиле на напуштено место. Настанот се случил завчера околу 10 часот пред Средното училиште „Перо Наков“ во населбата Бедиње во Куманово.
Случајот го пријавил во полиција вчера во 15 часот, жител на липковското село Лојане.
На големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето, пред касарната. Тука застанало возило од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја ставиле на задното седиште од возилото.
Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во безсознание. Девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и неговиот пријател биле заминати во непознат правец.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.