Чек дис аут

Град на духови: Туристичката атракција Акармара има само 35 жители

11. февруари 2019 - 17:28 | К.З.

Во рускиот град Акармара некогаш живееја повеќе од 5.000 луѓе, а целиот регион броеше преку 40.000 луѓе, но денес има само 35 жители. Зградите кои некогаш беа полни со семејства денес стојат празни и напуштени, но од некоја причина овој град на духови стана туристичка атракција за туристи од целиот свет.

Жителите на Акармара си отидоа од регионот поради неисплатливоста на јагленската индустрија, распадот на СССР и бидејќи вооружените сили на Грузија често правеле опсада на градот во почетокот на 90-тите.

Од големиот број семејства кои порано живееја во Акармара, сега живее само една. Зградите се напуштени и околу нив е обрасната трева, што направи тие да се „претопат“ со шумата. Фасадите веќе одамна се паднати и останаа само металните конструкции на зградите. Бетонот скоро целосно исчезна, а преостанатите 35 жители постојано земаат материјали од зградите за да ги препродаваат или да ги вметнат во нивните домови.

Во текот на летото локалните жители ги пречекуваат туристите и ги шетаат низ градот, раскажувајќи им приказни за историјата на пределот. Исто така, традиционално се организираат забави на кои присуствуваат локалци и туристи.

Некогаш порано постоеше идеја дека Акармара би можел да се претвори во резорт кој би бил „временска капсула“ за да се зголеми приходот од туризмот и да се прикаже како градот изгледал во советските седумдесетти години од минатиот век. Меѓутоа, за таков потег се потребни многу пари, а овој град нема толкави средства.

Коментирај