Град на духови во Катар од каде мора да заминете пред зајдисонце

Со оглед на тоа што Катар деновиве е во центарот на вниманието поради одржувањето на Светското фудбалско првенство, често се зборува и за неговите туристички атракции, а една од нив е необичниот град на духови сместен во пустина, наречен Film City.

Film City е изграден за потребите на снимањето на арапската ТВ-серија „Eyaal Al Theeb“ („Синови на волкот“), која раскажува за борбата меѓу две арапски племиња.

Градот е сет изработен по урнек на древно арапско (бедуинско) село, а се наоѓа зад кањон, целосно опкружен со пустинскиот полуостров Зекреет.

Првото прашање што некому ќе му падне на памет кога ќе наиде на Film City е да се распраша за неговата намена, бидејќи очигледно е напуштен, а по првобитната намена никој не очекуваше дека ќе стане туристичка атракција.

Remote video URL

Од TripAdvisor истакнуваат дека реакциите за местото кое често го нарекуваат „град на духови“ би можеле да бидат поделени бидејќи нема многу содржина. Има една продавница, а во неа живее само менаџерот.

И покрај долгото возење од Доха (80 км) е релативно лесно да се стигне до него. Дивите животни и опкружувањето ги воодушевуваат децата и нудат одлични можности за фотографирање.

Градот со ѕидини е со големина на село, но сепак има главна порта и градски ѕидини со караули на предната страна.

Посетителите можат да ги паркираат своите автомобили пред главната капија и да влезат пеш. Иако ништо не е автентично, градбите покажуваат како можеби изгледало традиционално село во регионот во минатото.

Се препорачува да го посетите градот пред доцните попладневни часови и да го испланирате повратното патување до Доха најмалку 1,5 час пред зајдисонце за да избегнете патување по кривулестиот пат во темница.

реклама

Чек дис аут

Кајгана fun with flags: Епизода 4 - кога синот на претседателот црта знаме

Read more

Времеплов: Најдобрата реклама со фудбалери на сите времиња

Read more

15 најнапредни воени бродови во светот

Read more

Најстарата желка во светот наполни 190 години

Read more
 

Магазин

Три причини зошто жените глумат оргазам

Читај повеќе
  • play_arrow

Како најдобро да го исчистите стаклото на туш кабината?

Читај повеќе
  • play_arrow
Кралица на зимата: Неколку рецепти со леќа

Кралица на зимата: Неколку рецепти со леќа

Читај повеќе

Кои зачини помагаат за побрзо варење и здрави црева?

Читај повеќе

Дали сте зависни од коцкање и обложување?

Читај повеќе

Магнетна резонанца: Зошто се прави и како изгледа овој дијагностички преглед?

Читај повеќе
  • play_arrow

По многу години, се роди прле во скопската Зоолошка

Читај повеќе

Time: Зеленски е личност на годината

Читај повеќе
  • filter

Кајгана fun with flags: Епизода 4 - кога синот на претседателот црта знаме

Читај повеќе