Култура

Град Скопје: 2020 ќе биде година на Славко Јаневски

15. јануари 2020 - 12:58 | Ф.З.

Градоначалникот Петре Шилегов, на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи 2020 да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање.

Ова е само еден доказ дека Град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности, наведуваат од Град Скопје.

Во текот на целата година, Градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест.

Активностите за одбележување на овој голем јубилеј започнуваат од денеска со поетското читање насловено како „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар, со почеток од 19.30 часот, на коешто ќе се обрати претседателката на Советот, Љубица Јанчева, наведуваат од Град Скопје.

Јаневски важи за еден од најистакнатите македонски раскажувачи, романописци, поети, филмски сценаристи, есеисти и сликари. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година, а почина на 20 јануари 2000 на 80-годишна возраст

Коментирај